Останато
Празнична велосипедска тура по повод Денот на независноста на Македонија
По повод 8-и Септември, Денот на Независноста на Република Македонија, по четврти пат ќе се реализирара подвигот НЕЗВИСНОСТ – МАКЕДОНИЈА.
И овој пат 73 годишниот Ѓорги Кузмановски и 47 годишниот Дејан Момировски – Денда со велосипеди ќе извозат од Скопје- Куманово – Пробиштип – Св. Николе во должина од 120 километри.
И двајцата ентузијасти се долгогодишни велосипедисти и тренери кои секоја година го прославуваат празникот на независноста со велосипедска тура во различна дестинација.

