Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Традиционало 25. искачување на Голем Кораб

Останато

Традиционало 25. искачување на Голем Кораб

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, планинарскиот клуб „Кораб“ денеска ја организира 25. традиционална акција – искачување на највисокиот врв во Република Македонија „Голем Кораб“ (2.764 метри надморска височина).

Официјално започнување на искачување на врвот ќе биде во 9 часот од караулата Победа, а „затворање“ на врвот и враќање на сите учесници кон стартната позиција ќе биде во 15 часот.

На учесниците ќе им бидат доделени признанија и благодарници, ќе има пункт за прва помош, а водачите од клубот ќе бидат долж патеката за евентуална помош и асистенција.

Од  планинарскиот клуб „Кораб“ посочуваат дека сите учесници треба да бидат добро психофизички подготвени и опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.