Останато
Македонија на Светско првенство во боулинг во Лас Вегас!
Уште една Македонска репрезентација гордо ќе ја претставува државата на Светско првенство. Овојпат, тоа е во една од најзабавните спортски игри – боулингот.
Репрезентацијата, која се составува во моментов на турнирско натпреварување, ќе стои под државното знаме во Лас Вегас, каде од 13-ти до 20-ти ноември ќе се оддржи 51-вото Светско првенство во боулинг.
– ”Ни претставува чест што сме домаќини на турнир на кој, сите заинтересирани, можат да ги покажат своите вештини во боулинг. Истиот трае до 29-ти октомври, кога е големото финале. Интересот е навистина голем, а интересно е што на турнирот учествуваат луѓе од различни генерации, со и без искуство во боулинг, што значи дека има навистина голема конкуренција, но е и навистина забавно. Пријавувањето е сеуште отворено за сите во машка и женска конкуренција, па би упатил уште еден повик до сите заинтересирани, да дојдат и да го пријават своето учество на турнирот чии победници ќе ја претставуваат Република Македонија. Целта е едноставна – да ја претставиме нашата земја во најдобро светло, уште во првото нејзино учество на Светско првенство во боулинг”, изјави Дејан Бошковски, менаџер на боулинг клубот ”Bo Bowling”.


