Останато
Уште 100 дена до 12-от Wizz Air Скопски Маратон
Ни остануваат уште 100 дена до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, Wizz Air Скопски маратон. Како се доближуваме до датумот на одржувањето, 8-ми мај, така бројот на пријавени учесници се зголемува. Според најавите, овогодинешното издание на маратонот ќе биде најмасовното досега.
Wizz Air Скопски маратон го отвори своето пријавување минатиот месец, а на 31-ви јануари истекува рокот за пријавување по поволни цени. Потоа пријавувањето продолжува до 29-ти април, или додека не се пополнат предвидените места. Организаторот на маратонот, Сојуз на спортови на Скопје, објави дека досега имаат преку 700-на пријави од 20 земји.
На следниот линк можете да ја дознаете котизацијата за маратонот, полумаратонот и 5 километарската трка: http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

