Одбојка
Македонските одбојкари со 3:0 изборија финале во Европската лига
Македонските одбојкари успеаја да се пласираат во финалето на Европската лига откако вечерва во полуфиналето во полскиот град Валбжих ја победија Естонија со 3:0 во сетови (25:23; 25:22 и 25:22) за 82 минути.
Со овој триумф нашите одбојкари им се реваншираа на Естонците за двата пораза во групата на почетокот на натпреварувањето. Воедно ова за Естонија беше прв пораз оваа сезона во Европската лига.
Во текот на првиот сет нашите одбојкари имаа постојано водство и сетот го добија со 25:23. Во вториот сет до средината Естонија имаше прдност, а потоа избраниците на селекторот Жарко Ристоски направија пресврт и сетот го добија со 25:22. И третиот сет нашите одбојкари го добија со 25:22 откако направија серија и имаа водство од 24:19.

