Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонските ракометари поразени од Франција на стартот на ЕП

Ракомет

Македонските ракометари поразени од Франција на стартот на ЕП

Репрезентација на Македонија со пораз од Франција го започна својот натап на Европскиот ракометен шампионат во Полска. Во првиот меч од А групата, чии натпревари се играат во Краков, Македонија е поразена од Франција со 30-23.

Во првото полувреме се играше рамноправно, пред се благодарение на голманот Тјери Омејер кој имаше 11 одбрани, и не им дозволи на нашите ракометари да остварат предност, па на полувремето се замина со нерешен резултат 12:12. Сепак, во вториот дел актуелниот бранител на европскиот трон, водено олимписки и светски шампион Франција ја демострира својата сила. Иако се до 51-минута беше нерешено (22:22), до крајот на мечот Триколорите постигнаа осум, а цревено-жолтите само еден гол, па на крајот Франција заслужено се радуваше на победа со конечни 30:23.

Македонскиот капитен Кирил Лазаров со 9 голови беше најефикасен на натпреварот. Крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски постигнаа 5, односно 4 голови за црвено-жилтите. Кај Франција најефикасен беше Седрик Сотраиндо со 6 гола.

Во оваа група вечерва од 20 часот и 30 минути ќе играат домаќинот Полска и селекцијата на Србија.

Во групата Б чии натпревари се играат во Катовице, Хватска ја победи Белорусија со 27-21, а во тек е мечот Исланд – Норвешка.

Утре на програмата се натпреварите од 1.коло во Ц и Д групите, а во недела, за кога се закажани натпреварите од 2.коло во А и Б групите, македонските ракометари за противник ќе го имаат домаќинот Полска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.