Ракомет
НЕРЕШЕНО ПРОТИВ ИСЛАНД: Македонија трета во групата, во осминафиналето ќе игра со Норвешка (ФОТО)
По нерешените 27:27 во дуелот со Исланд вечерва во Мец, македонската ракометна репрезентација го освои 3. место во групата Б на Светското првенство што се одржува во Франција.
Ова значи дека во осминафиналето избраниците на селекторот Лино Червар ќе се сретнат со Норвешка и ќе го избегнат актуелниот светски шампион и домаќин на првенството.






