Останато
ПРВ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Одличен настап на македонскиот спринтер Ристе Пандев
Македонскиот атлетичар Ристе Пандев имаше одличен настап во квалификациите на 100 метри на Олимписките игри во Рио.
Во своето деби на Олимпијадата Пандев настапи во првата квалификациска трка на 100 метри, а во конкуренција на осуммина натпреварувачи иако важеше за аутсајдер сепак струмичанецот прв ја мина целната рамнина.
Пандев истрча време од 10 секунди и 72 стотинки што е негово најдобро остварување сезонава, а за само 11 стотинки послаб резултат од државниот рекорд на Македонија, кој е во негова сопственост.

