Останато
Уште 5 дена до затворање на пријавувањето за Skopje Run 10K
Најновата трка од организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ќе дебитира во недела, 08.10.2017, во 09.00 часот низ улиците на Скопје.
Развојот на спортскиот начин на живеење во Скопје ги мотивираше организаторите да подготват нова улична трка која, поради нивото на интерес, очекуваат да прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе ги одбележи есенските месеци.
Покрај трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ се организира и штафетната трка од 2 х 5 километри која веќе буди интерес кај компаниите како дел од нивните тимбилдинг активности. Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на http://skopje.run.

