Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Самсоненко се предомисли, останува во Вардар

Останато

Самсоненко се предомисли, останува во Вардар

Рускиот милионер Сергеј Самсоненко нема да го напушти вардаровото спортско семејство.

Првиот човек на Вардар, на денешната прес-конференција соопшти дека ја сменил својата одлука со која најави дека на крајот на сезоната ќе си замине од трите клуба и ќе прекине со финансирање.

Самсоненко најави дека ќе остане и дека ќе се бори со сите „неправди“.

– Пред извесно време донесов одлука дека од наредната сезона нема да инвестирам во трите клуба. Причината беше само една, затоа што се собра цел куп на пишувања од одредени медиуми, кои промовираа невистини, лаги, превртување на факти. Сакам да им порачам на тие што пишуваат лаги, дека Вие немате ниту срам, ниту совест. Не сум направил ништо лошо за оваа држава, ја засакав како своја, направив само добри работи. Затоа нема да заминам од Вардар, тука ќе сум засекогаш. Ги повикувам сите да не поддржат и заедно да се бориме со сите неправди. Сигурен сум дека ќе има многу успеси, изјави Самсоненко.

Тој се осврна и на синоќешниот ибедлив пораз (0-5) од Зенит во мечот од Лига Европа.

– Заслужуваме само критики. Лошо одигравме, целосно потфрливме. Не е за оправдување, но нашите момци заслужуваат поддршка. Нашето мислење е дека фудбалерите изгореа во желба. Има лош ден и во фудбалот, тежок е поразот, но наше е сега да се сплотиме и да продолжиме. Од овој пораз ќе извлечеме поуки и ќе бидеме многу посилни. Тоа не беше вистинското лице на екипата, потенцира Самсоненко.

Русинот во Вардар почна да инвестира од 2012 година, најнапред во женската ракометна екипа, а потоа и во машката со која стане и европски клупски првак, додека со фудбалскиот клуб го постигна и најголемиот успех со пласманот во групната фаза во Лигата на Европа.

МИА

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.