Останато
Виз Ер Скопски Маратон годинава ќе биде најмасовен
Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денес се пријавени 5600 учесници, од 42 земји ширум светот. 11-тото издание на Виз Ер Скопски Маратон оваа година се оддржува на 10-ти мај, по повод Денот на Европа, 9-ти мај.
– ,,Ова се очекува да биде најмасовниот и најпосетен маратон досега. Бројот на пријавени учесници е за почит, со оглед на тоа дека пријавувањето е сеуште во тек. Сите натпреварувачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат од Виз Ер Скопје Маратон Експо, саемот кој за првпат оваа година ќе се оддржи по повод Виз Ер Скопскиот Маратон. Чест ми е како директор на маратонот да ги поздравам сите учесници, натпреварувачи и оние кои несебично ја даваат поддршката за овој маратон да се оддржи. Маратонот е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Оваа година главниот спознор Виз Ер, на сите маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра, кој може да се искористи преку wizzair.com.“- изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон
На денешната прес-конференција, свое излагање пред медиумите имаа Аиво Орав, амбасадор на ЕУ, Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојуз на Спортови на Скопје и организационен одбор, Кире Синадиновски, Директор на Маратонот, Марјан Спасески, Директорот на Агенција за Млади и спорт, Даниел Де Карваљо, претставник од компанијата Виз Ер и Тања Балаќ, претставник од Град Скопје, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.

