Останато
Во недела ревијално ќе се трча Виз Ер Скопскиот маратон низ центарот на Скопје
На само неколку дена пред стартот на Виз Ер Скопје 5 км, во просториите на СЦ Јане Сандански се одржа прес-конференција посветена на сите детали поврзани со оваа трка од ревијален карактер. На прес конференцијата прв се обрати претседателот на Сојузот на Спортови на Град Скопје, г-динот Ѓорги Кузмановски кој истакна дека оваа е трка која ја посветуваат на сите љубители на трчањето.
„Единствената причина поради која оваа година Виз Ер Скопски Маратон не се одржа, беа немилите настани во Куманово. Од тој ден, па се до денес, ние како организатори чувствувавме обврска да им се оддолжиме на сите љубители на оваа спортска дисциплина кои беа пријавени на маратонот. За таа цел, ја организираме пет километарската ревијална трка, која ќе се одржи во недела во 9 часот и која ќе го разубави Скопје со сите учесници. Како и секогаш, целата оваа организација немаше да се реализира доколку ја немавме безрезервната поддршка од нашите покровители: Градот Скопје, Канцеларијата на ЕУ во Македонија и МВР на кои им се заблагодаруваме.“ – истакна г-динот Кузмановски
Директорот на Виз Ер Скопски Маратон нагласи дека за оваа трка ќе нема пријавување, ниту пак ќе се наплаќа страртување. Ќе биде од отворен карактер, ревијална, без победници и ќе биде нова можност за дружење и уживање во трчањето на градските улици во Скопје.


