Останато
Женска трка во Градски парк во Скопје
Пред Виз Ер Скопски маратон кој оваа година е закажан за 8-ми мај, по четврти пат денеска ќе се одржи Женската трка во Градскиот парк во Скопје. На трката се очекува да учествуваат околу 1.000 жени.
Женската трка е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.
Од оваа година Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Федерација.

