Uncategorized
Франција во шок по трагичната сообраќајна несреќа
Најмалку 42 лица, претежно возрасни, загинаа во директниот судир изутринава во утринските часови меѓу автобус и камион на магистралниот пат 123, во Пуисеган, во близина на Либурн (Жиронд), соопштија француските власти. Четири лица се сериозно повредени, две од нив со тешки изгоретини, изјави префектот на Жиронд.
Како што јавува дописникот на МИА од Париз, четириесет и еден од загинатите биле патници во автобусот, додека 42-от е возачот на камионот, двете возила имале фронтален удар. Некои луѓе успеале да се извлечат од автобусот кој веднаш бил зафатен од огнот, но не се знае степенот на нивните повреди. Според Ален Русе, претседател на регионот Аквитен и пратеник од Жиронд, тоа бил камион за транспорт на дрва. Сепак, тој беше празен за време на несреќата.
Автобусот заминал рано утрово од местото Петит-Пале, Жиронд, околу десет минути возење од Пуисеган. Според локалните медиуми, тој носел пензионери на патување, сите членови на Сениорското здружение од Пети Пале.


