Uncategorized
Продолжуваат разговорите за договорот oд Пржино
Белгискиот експерт Питер Ванхауте денеска ќе продолжи со одвоени средби со претставници на политичките партии кои учествуваат во разговорите за спроведување на точките од договорот во Пржино.
Ова е исходот од ноќешната двочасовна средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи во Клубот на пратениците, на која присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав, претставник на Амбасадата на САД и белгискиот посредник Ванхауте. Лидерската средба се одржа по неуспешните разговори минатиот понеделник на кои присуствуваше и еврокомесарот Јоханес Хан.
