Uncategorized
Груевски: Средбата успешна, целта е постигната – избори ќе има на 24 април
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, по завршување на лидерската средба на која беше финализиран Договорот од Пржино, изрази задоволство што разговорите завршија со успех и потенцира дека е важно што е договорeно изборите да не се одложуваат и да се одржат на 24 април 2016 година.
– Јас сум многу задоволен од она што го договоривме. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори, за што од СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен, но ние тоа не го дозволивме и инсистиравме да остане 24 април и успеавме во тоа. Датумот за избори со законите што сега ќе ги предложиме во Парламентот ќе биде дефиниран на 24 април, кога ќе се спроведат предвремените парламентарни избори, изјави Груевски.
Спроед него, главната цела на ВМРО-ДПМНЕ е постигната за одржување на изборите на 24 април кога, како што рече, граѓаните ќе имаат можност да го кажат последниот збор, бидејќи тие се оние кои одлучуваат во оваа држава.


