Актуелно
Гледајте во живо: Денешното затемнување на Сонцето последно од овој тип во наредните 10 години
Околу 9.40 минути на македонското небо започна затемнувањето на сонцето, природен феномен предизвикан од поклопување на месечината и нашата ѕвезда. Затемнувањето во Македонија ќе биде делумно, околу 43 проценти, додека во северните делови од континентот тоа ќе биде целосно.
Максимумот на затемнувањето во Македонија ќе биде околу 10.45, а ќе заврши неколку минути пред пладне.
Затемнувањето се препорачува да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13.


