Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боинг 747 се запали при полетувањето, па безбедно се врати на аеродромот во Мајами (ВИДЕО)

Актуелно

Боинг 747 се запали при полетувањето, па безбедно се врати на аеродромот во Мајами (ВИДЕО)

Жителите на Мајами беа сведоци на драматичен момент кога авион од моделот Боинг 747 се запали веднаш по полетувањето од аеродромот во четвртокот вечерта. Според информациите, авионот припаѓал на компанијата “Атлас Ер Боинг 747-8” и бил товарен, карго авион.

Видеозаписите направени од граѓаните покажуваат како авионот се запалил во воздухот, а потоа безбедно се враќа на аеродромот. Во соопштението на компанијата се истакнува дека екипажот спроведувал стандардни безбедносни процедури и успеал безбедно да се врати во Мајами.

Пожарникарите веднаш реагирале на инцидентот и за среќа во инцидентот немало повредени. Меѓународниот аеродром во Мајами потврди дека нема пријавени повреди и дека авионот се вратил без проблеми.

Податоците на “FlightAver” покажуваат дека авионот полетал во 22:32 часот и се вратил во 22:46 часот. Планираното патување кон Сан Хуан, Порторико, подоцна во вечерните часови продолжило без инциденти.

Инцидентот со овој Боинг 747 е најновата несреќа за компанијата Боинг, која веќе се соочува со предизвици поради дефекти на некои од нивните модели, вклучувајќи ги и проблемите со 737 Max. Предизвиците веќе предизвикаа одложување на нарачките и губитоци на пазарот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.