Ериксен објави фотографија од болничкиот кревет
Оваа фотографија ќе ви го поправи денот.
Репрезентативецот на Данска Кристијан Ериксен се огласи од болница, откако целата планета остана во неверување кога на мечот од првото коло против Финска тој падна на теренот.
Сите се надеваа дека фудбалерот на Интер ќе биде добро и на сета среќа се поминалo како што треба. Ериксен е жив и здрав, а сега упати посебна порака од болничкиот кревет.



