Актуелно
Порталот IT.mk објави листа на топ 10 .мк жени во ИТ индустријата за 2022 година
Порталот за информатичка технологија IT.mk објави листа на топ 10 жени од Македонија во ИТ индустријата, кои со своите успеси активно придонесуваат за зајакнување на оваа сфера и треба да служат како мотивација и инспирација на сите. Изборот е направен од страна на редакцијата на IT.mk, во консултација со организациите „Women In Tech Macedonia“, „Startup Macedonia“ и „GEA“.
Идејата за листата на најистакнати ИТ жени произлегува од резултатите од спроведеното мапирање на локалната ИТ индустрија за 2022 година, кое укажува на сериозен проблем во поглед на родовата еднаквост во оваа индустрија во земјата. Спроведената анкета покажува дисбаланс не само во застапеноста на жените во оваа индустрија, туку и во разликата во плати, особено на сениорски и менаџерски позиции. Оваа статистика е очигледна и во првото мапирање од 2019 година, а ако се анализираат и глобалните мапирања на ИТ индустријата, трендот е сеприсутен.
