Картичка со 150 евра за сите млади во Грција кои ќе се вакцинираат против коронавирусот
Нашиот јужен сосед ќе им даде картичка со вредност од 150 евра на сите млади во Грција кои ќе примат вакција против коронавирус.
Како што објавија грчките медиуми, ова се однесува на скоро 940.000 млади луѓе во земјата на возраст од 18 до 25 години.
Целта е 60 отсто од грчките 11 милиони жители да бидат вакцинирани до крајот на јули.



