Актуелно
Во ноември ќе се одржи 6. Годишна регионална конференција за е-трговија
Под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era!” на 14 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи шестата годишна конференција за е-трговија, која од лани има регионален карактер и која е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.
Конференцијата годинава ќе се одржи во своето најголемо регионално издание, со целосно нов концепт и нова локација, насочувајќи го фокусот кон новата ера во човековото живеење – искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција, која во последно време го доживува својот подем, ги менува правилата на играта во е-трговијата и ја редефинира и трансформира целата индустрија.
Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници.



