Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Амбасадата во Белгија чека информација дали има настрадани македонски граѓани

Актуелно

Амбасадата во Белгија чека информација дали има настрадани македонски граѓани

Амбасадорот на Република Македонија во Кралството Белгија, Лазар Еленовски, во изјава за МИА посочи дека македонското дипломатско-конзуларно претставништво има отворено линија на која некој од 6.500 македонски граѓани што живеат во Белгија ќе може да се јават за да пријават исчезнато или повредено лице.

Во исто време, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Еленовски потврди дека сите македонски дипломати во амбасадата, како и во Постојаните мисии при Европската унија и НАТО се живи, здрави и на своите работни места, додека од белгискиот протокол се уште чекаат информација за тоа дали меѓу жртвите на двата терористички напади во главниот белгиски и европски град има повредено и македонски граѓани.

– По овој трагичен ден што се случува денеска во Брисел каде градот и државата Белгија се нападнати во терористички напади каде што има преку 35 мртви и околу 200 повредени, би сакал да истакнам дека сите три дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија, Амбасадата и Мисиите при ЕУ и НАТО работат нормално. Конзуларниот дел во Амбасадата е разбирливо дека е затворен имајќи предвид дека се наоѓаме на истата улица каде што се случи еден од нападите на метро-станицата Малбек, истакна амбасадорот Еленовски.

Во однос на нашите граѓани, според македонскиот амбасадор во Белгија, Амбасадата досега не добила никаква поплака, имајќи предвид дека македонската заедница брои околу 6.500 лица во Белгија.

– Досега ниту еден македонски граѓанин не се обратил до Амбасадата. Од друга страна, очекуваме од белгискиот протокол, до кого веќе доставивме барање, да не информира дали во терористичките напади има повредени македонски граѓани. Одговор се уште не сме добиле, бидејќи белгиската држава е целосно вклучена во мерките на безбедност и бараат од сите дипломатски претставништва да покажеме дополнителна воздржаност, внимателност и разбирање поради ситуаицјата во која што се наоѓаат. Според нив, информациите ќе следат, додава Еленовски.

Во однос на функционирањето и личната безбедност на македонскиот дипломатски тим во Брисел, Лазар Еленовски истакна дека сите се безбедни и ги извршуваат своите работни задачи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.