Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СТРАШЕН ТИК-ТОК ТРЕНД ВО СРБИЈА: Младите само заради лајкови го ризикуваат својот живот

Балкан

СТРАШЕН ТИК-ТОК ТРЕНД ВО СРБИЈА: Младите само заради лајкови го ризикуваат својот живот

Видео на Инстаграм уште еднаш ја потсети јавноста на безумните постапки на младите, направени само заради добивање лајкови на социјалните мрежи. Во видеото од соседна Србија, кое стана вирално, едно момче и неговиот другар  се држат за задниот дел на трамвајот во Белград и потоа скокаат од него додека се движи. Момчето паднало откако скокнало, но за среќа останало неповредено.

Видеото предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи луѓето ги осудуваат безобзирните постапки на младите, кои не размислуваат за последиците од нивните акции. Една жена во коментарот истакна дека момчето можело да биде убиено ако некој го прегазел, а возачот на трамвајот ќе треба да живее со тоа цел живот.

Осудувачките коментари на социјалните мрежи се во голем број и некои од нив зборуваат дека децата не треба да имаат толку многу пристап до технологијата и социјалните мрежи, бидејќи ова може да ги наведе на безумни постапки.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Балкан

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.