Србија целосно се отвора на 21 јуни – обезбедени и вакцини за сите посетители на фестивалот „Егзит“
Српската премиерка Ана Брнабиќ и Кризниот штаб на Република Србија, благодарение на успехот на масовната вакцинација во Србија и драстичното подобрување на епидемиолошката ситуација, официјално го означија 21 јуни како денот кога соседна Србија ќе се врати на нормалниот живот и ќе овозможи одржување на фестивалите и концертите.
Овој план создава пат кон целосното отворање на државата со што „Егзитовата“ прослава на 20-годишнината на Фестивалот планирана од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина ќе биде еден од првите големи европски фестивалски настани ова лето.
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ за оваа прилика изјави: „Благодарение на успехот во масовната вакцинација и сѐ подобрата епидемиолошка ситуација, желба ни е за Светскиот ден на музиката 21 јуни да ја отвориме земјата за собири, концерти и фестивали. Со тоа покажуваме грижа за менталното здравје на младите луѓе и на дело ја потврдуваме стратешката определеност кон развој на креативните индустрии. Одржувањето на ’ЕГЗИТ’ Фестивалот, со кој Србија се годрее во светот, ќе биде еден од важните симболи на победа над пандемијата“.




