Актуелно
Бејли: Услови за одржување избори на 24 април нема – одлуката е на Собранието
Американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва пред Владата на РМ ја соопшти заедничката оценка на САД и на ЕУ за тоа дали се исполнети условите за одржување предвремени парламентарни избори на 24 април, согласно Договорот од Пржино.
Во продолжение интегрално ја пренесува изјавата на амбасадорот Бејли:
„Кога се сретнавме со политичките лидери и изборните чинители на15 јануари во Скопје, се договоривме дека меѓународната заедница одблиску ќе ги набљудува подготовките за, и спроведувањето на предвремените парламентари избори, во моментов закажани за 24 април во согласност со нивниот политички договор.



