Актуелно
СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: Температурата ќе го достигне 40-тиот степен
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максималната од 34 до 41 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.
Слично време ќе има и во Скопје каде минималната температура ќе биде 19 степени, а максималната се очекува да го достигне 40-тиот степен.



