Актуелно
Ќе продолжат разговорите за влада која ќе ги подготви предвремените избори
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА на денешната средба ги продолжиле дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни, се наведува во соопштението што партиите го лиферуваа по завршувањето на средбата.
Во овој контекст, како што се посочува, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат.
– Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт – план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката шест од договорот од 2-ри јуни, се наведува во текстот.



