Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Актуелно

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време. Претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Во четврток највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 33 степени, а УВ-индексот ќе има вредност 7.

Од петок следува период на стабилно и топло време. Дневните температури ќе бележат пораст.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.