Вести
Граѓаните на Општина Центар денеска на референдум одлучуваат за изгледот на ГТЦ
Во Општина Центар денеска се одржува референдум за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје.
Прашањето на референдумот е „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.
Во избирачкиот список се запишани 43.560 граѓани, од кои 895 се на привремена работа во странство, а 45 се на издржување затвор или притвор во четири затвори низ Македонија.



