Вести
ГРАД СКОПЈЕ: Прскањето против комарци се реализира на терен
Согласно Програмата за дезинсекција на подрачјето на Скопје во текот на оваа недела се извршува прскањето против комарци, информираат од Град Скопје.
Денеска во раните утрински часови била извршена првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, посочуваат од град Скопје и додаваат дека таа ќе продолжи во раните утрински часови (сабота кон недела) доколку се соодветни временските услови.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, велат од Град Скопје.



