Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Еден од инвеститорите во Балкан петролеум – косопственик на голема уметничка галерија

Актуелно

Еден од инвеститорите во Балкан петролеум – косопственик на голема уметничка галерија

За Александeр Смузиков и за Александар Каплан, основачите на Балкан Петролеум, компанијата која сака да го преземе Макпетрол, нафтениот бизнис дефинитивно им е позната територија.

Во нивното прво интервју за македонски медиум, Каплан истакна дека „јавната понуда до акционерите на Макпетрол не е само за доверба, туку исто така е за пари. Ние нудиме добра цена за акциите и дополнително, ние имаме пари за да ја поддржиме оваа понуда.

Кој е Каплан?

Каплан има 20 годишно искуство во нафтениот бизнис и бизнисот со гас во Русија и во останатите земји од СССР.

Повеќе од 20 години тој се наоѓаше на менаџерски позиции во компанијата за нафта и гас TNK-BP (British Petroleum), во која 50-50% имаа удел British Petroleum и нафтената компанија Tuemen. TNK-BP беше 3-та по големина компанија во Русија за нафта и гас.

Како извршен заменик претседател за производство и трговија и како прв заменик – извршен потпретседател за производство и трговија, Каплан беше дел од донесувањето на важни одлуки за развојот на компанијата.

Каплан дипломирал и се стекнал со диплома по право на универзитетите во Москва и во Чикаго, САД, каде ги завршил неговите бизнис студии во лидерство и маркетинг.

Неговото прво работно искуство датира од 1994-та година во Alfa Eco.

Каплан е оженет и е татко на две ќерки. Тој во своите интервјуа постојано истакнува дека семејството му е најголемата поддршка во бизнисот и дека секој момент од своето слободно време го користи за дружење со своите ќерки и сопругата. Иако, за приватноста која Каплан многу ја цени нема многу во медиумите, сепак руските новинари знаат да напишат дека Александар совршено добро знае да го балансира својот професионален живот и семејството, особено ако се знае дека станува збор за бизнисмен со големо работно искуство и постојана вклученост во проектите на кои тој работи.

Кој е Смузиков?

Александер Смузиков, исто така има значително оперативно работно искуство во нафтената и петрохемиската иднустрија. Тој е основач на Magistral Group, која започнала да работи со дистрибуцијата на нафтени производи, чии главни клиенти беа Lukoil, BP, Tatneft…

Смузиков подоцна ја продава Magistral Group на TNK-BP (British Petroleum).

Смузиков има диплома по право од Moscow State University of Service.

Тој е колекционер на важни руски уметнички авангардни дела. Во неговата богата колекција која важи за една од најдобрите во Русија се истакнуваат делата од пионерот во апстрактната уметност, Казимир Малевич, кој што има оставено голем впечаток во апстрактната светска уметност, што најверојатно е причина за воодушевување кај Смузиков.

Исто така Александeр е познат колекционер на дела од конструктивизмот, супрематизмот, модерните уметнички дела од 20-от век, како и пост-воената и современата уметност. Financial Times во еден од своите броеви истакна дека Смузиков, уметничките слики од својата колекција ги позајмува и изложува во музеи каде истите се достапни на широката популација.

– „Можноста да се видат и во живо да се погледнат делата од приватните колекции е прекрасна. Александер Смузиков е токму еден неколкуте приватни колекционери кои својата колекција ја изложува во галериите и музеите, со што истата ја прави достапна на јавноста која нема друга шанса како да ги види скапите и важните уметнички дела од историјата“, стои во текстот објавен во Financial Times.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.