Актуелно
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Најмалку 21 загинат
Бројот на загинати лица во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија се искачи на 21, јавија локалните медиуми.
Најмалку десет луѓе загинале во Акумолија, пет во Аматриче и шест во Пескара.
Италијанскиот премиер Матео Ренци на Твитер напиша дека властите се во контакт со локални официјални лица од погодените зони и оти им е испратена дополнителна помош.



