Вести
Македонија на отворањето на Олимписките игри во Рио (ВИДЕО)
Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ ноќеска свечено беа отворени 31.Летни Олимписки игри. Ова се првите Игри што се одржуваат на јужноамериканскиот континент. Македонија во Рио ќе ја претставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасија Богдановски.
На овие Игри присутни се спортисти од 206 национални олимписки комитети, а своето прво учество ќе го имаат Косово и Јужен Судан.
Со намален буџет и значително помалку средства во однос на Лондон пред четири години, организаторите направија одлична церемонија.

