АНГЕЛОВСКА: Ова е историски момент за е-трговијата!
Под мотото „ E-трговија & КОВИД-19: Предизвици и можности!“, утринава во своето премиерно онлајн издание започна годишната конференција за е-трговија на која присуствуваат повеќе од 300 учесници, а свое излагање ќе имаат над триесет еминентни говорници од земјата и странство.
Оваа година програмата на конференцијата се одржува во два дена, во кои ќе бидат презентирани најактуелните теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“.
Овие теми, но и многу повеќе, ќе бидат разработени од преку 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите области, кои ќе ги пренесат своите експертизи и искуства во областа на е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформален разговори, додека во улога на домаќин на овој дводневен настан ќе биде актерот Гораст Цветковски.






