Македонија
Домашните компании преку јавен повик ќе добијат поддршка за отворање на интернет продавници
Македонските компании ќе имаат можност за добивање на неповратна финансиска помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар.
Оваа активност е дел од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.
Целта на јавниот повик е да се поддржат домашните компании кои сакаат да отворат своја е-продавница или пак, старт-апи кои сакаат да работат во областа на е-трговијата. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се вклучува во напорите за подигнување на свеста и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја.




