Најголемите експерти од проектниот менаџмент доаѓаат во Охрид!
Остануваат уште неколку дена до отпочнување на првиот балкански проектен лидершип самит на којшто ќе присуствуваат лидери од компаниите, и лица коишто аспирираат тоа да постанат.
Ова ќе биде ексклузивна можност за првпат во Северна Македонија да го слушнеме и членот на Бордот на ПМИ г-дин Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, којшто ќе ни збори за Вредноста на Проектниот Менаџмент во една компанија.
Војтек Чизевски ќе ни говори за проектен лидершип и лекции коишто се научени водејќи луѓе од различни култури, Милан Шмигич ќе биде модератор на настанот, и ќе одржи работилница на тема Jung at heart – what’s your personality colour?





