Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Првите странски туристи во Македонија се очекуваат кон средината на месец јули

Македонија

Првите странски туристи во Македонија се очекуваат кон средината на месец јули

Првите странски туристи во Македонија се очекуваат кон средината на месец јули

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на денешната 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

На денешната седница Владата донесе одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа.

За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија е во секојдневна комуникација со странските тур оператори, чии најави за првите чартер летови се за средината на месец Јули.

Дополнително, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, се во финална фаза на подготовка на кампања за промоција на домашниот туризам во Република Северна Македонија под насловот „Дома си е дома“ на која се приклучи и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.