Следува продолжен викенд – еве кога нема да работиме до крајот на годината
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.
Ова се неработните денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ
• 2 август (понеделник), Ден на Републиката,
• 8 септември (среда), Ден на независноста,
• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба,
• 8 декември (среда), Св. Климент Охридски
За граѓаните од православна вероисповед
• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 20 јули (вторник), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик