Македонија
Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун
Во присуство на пријателите од бизнис, политички претставници, дипломати како и личности од јавниот живот, се закрои лозјето на плантажите во винаријата Стоби по повод големиот празник Св. Трифун.
Винаријата со здравица ја означи и својата 11-та година од постоењето, гостите уживаа во Чалгија саунд систем, солистите од Национална опера и балет, солистката Наде Талеска, како и Горан Наумовски, Лена Заткоска-Маротова, Бојан Моратов, Владимир Дојџиновски, гитара како и Горан Папаз на сакс, за вистинско задоволување на сите сетила пак беше послужено сортно вино и вкусна храна.
„Овој ден за нас е посебен, на овие плантажи точно пред 11 години ја започнавме нашата винска приказна Стоби винарија. Денеска можеме да се пофалиме со пласман на домашните и светските пазари како Кина, САД, Русија и Европа. Самите награди и пофалници од еминентни вински критичари говорат за квалитетот на брендот, за кои сме на врвот заедно со нашиот тим, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.





