Боки 13 и Катица Јанева во фокусот на Вевчанскиот карневал (ГАЛЕРИЈА)
После вчерашната спектакуларна ноќ во Вевчани која што ја приредија Влатко Лозаноски, Eye Cue, Brass Brothers и Dj Todoroff, денеска преку стотина маски и илјадници гости од Македонија и од странство дојдоа на традиционалниот Вевчански карневал.
Гостите се огласија на прашањето „Кеојш“ и дојдоа во Вевчани да се направат Василичари.
Вевчанци велат дека ова е обичај под маска, каде што тие и оваа година имаа прилика да се изразат преку многуте костуми. Традиционално, оваа година главни се невестата, младоженецот и глупиот Август кој што има симболична задача да ја чува невестата од злото за време на карневалот. Препознатливите извици и тапаните ечеа низ вевчанските улици.






