Актуелно
МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Италија
Министерството за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во силниот земјотерсот што го погоди централниот дел на Италијанската Република.
Воедно, МНР известува дека Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.
– За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се вели во соопштението од МНР.



