Вести
Ренци: Во земјотресот загинаа најмалку 120 лица
Најмалку 120 лица загинаа во земјотресот кој ја погоди централна Италија, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци и најави дека утре ќе биде прогласена вонредна состојба.
– Во овој момент изгубени се 120 животи, истакна Ренци на прес-конференција, јавува АНСА.
Италијанскиот премиер укажа дека смртниот биланс би можел да се зголеми, со оглед на тоа дека во градот Аматриче, кој беше најмногу погоден од земјотресот, престојувале многу странски туристи.




