Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најавени обилни врнежи и денеска – не излегувајте ако немате потреба

КИРИЛ ПЕТРОВСКИ

Актуелно

Најавени обилни врнежи и денеска – не излегувајте ако немате потреба

Македонија и денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на денот и во вечерните часови, ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови.  Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопската котлина времето ќе биде променливо, а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

УХМР апелира во случај на појава на електрични празнења внимателноста да биде поголема, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.