Актуелно
Најголем интерес за упис во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“
На првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија што почна денеска најголем интерес за упис има во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, каде за 578 слободни места се пријавија 519 ученици, информира Министерството за образование и наука.
Оттаму посочуваат дека согласно извештаите на училиштата за бројот на пријавени ученици до денес на пладне, во рамки на првиот од вкупно двата предвидени рокови за упис во задолжително средно образование, втор најголем интерес за упис има во СУГС Гимназија „Зеф Љуш Марку“ – Град Скопје каде за 544 слободни места се пријавија 325 ученици по што следи СУГС „Васил Антевски -Дрен“ – Град Скопје, каде за 476 слободни места пријавени се 290 ученици.
Пријавувањето ќе се спроведува и во текот на утрешниот ден, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година.



