Актуелно
Облачно, врнежливо и постудено
Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во западните и јужните делови од земјата. Температурата значително ќе опадне. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и свежо со повремен пороен дожд и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 19 степени.


