Актуелно
Одбележување 106 години од раѓањето на Мајка Тереза
Во Македонија денеска се одбележува 106-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза која на 4 септември во Ватикан од страна на папата Франциск ќе биде прогласена за светица.
Во Собранието на Република Македонија попладне ќе биде врачена државната награда „Мајка Тереза“ која се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата годинава ќе му биде врачена на примирус д-р Димитар Котевски.



