Актуелно
Помош од македонскиот Црвен крст за настраданите од земјотресот во Италија
Од Црвениот крст на Република Македонија денеска оствариле контакт со италијанскиот Црвен крст и во името на волонтерите и вработените било изразено сочувство со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди централна Италија.
Како што е наведено во соопштението од Црвениот крст на РМ била понудена помош за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведувањето на спасувачките акции.
Црвениот крст на Република Македонија во наредниот период, како што се додава во сопштението, е подготвен да упати хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина наменети за помош и поддршка на настраданото население во централна Италија.



