Актуелно
Охриѓанец претепан до смрт, приведени тројца српски државјани
Дваесет и седумгодишниот Димитар М. од Охрид е лицето чие тело рано изутринава беше пронајдено пред угостителски објект во самиот центар на Охрид.
Како што соопшти Секторот за внатешни работи од Охрид, Димитар М. го загубил животот во нарушувањето на јавниот ред и мир што синоќа се случило во кафе-барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Тој им подлегнал на повредите во Општата болница во Охрид, откако претходно бил физички нападнат од државјанин на Република Србија, кој на сега починатиот на плочникот од улицата пред влезот во кафулето му нанел повеќе удари со раце и нозе по главата и телото.
На нападот му претходела жестока вербална расправија меѓу две групи, во кои од една страна бил сега починатиот Димитар и уште други двајца негови пријатели, додека од другата страна бил српскиот државјанин од Краљево со уште двајца други негови пријатели. Оваа вербална расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во кафе барот „Табана“. Тука понатамошниот тек на нарушувањето бил спречен од вработените во кафе барот.



