Актуелно
Откриена нова подводна пештера на Матка
Македонските нуркачи предводени од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Акватек” пронајдоа нова подводна пештера во езерото Матка.
За време на изведување редовни активности во езерото и пештерата Врело, домашните нуркачи го забележале влезот од новата подводна пештера и решиле да го истражат пределот во кој се наоѓа. Влезот не се забележува лесно бидејќи е премногу скриен во околниот карпест предел и е многу тежок за влегување бидејќи отворот за влез е премногу тесен, се посочува во информацијата од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Акватек”.
– И покрај тешкиот пристап успеавме да го совладаме и да влеземе во подводната пештера каде што се отвара голема галерија која се двои во два правци, односно два канали, изјави Гоце Димитриевски, сертифициран пештерски нуркач од Врело.



